0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Милан победи на пет последователни натпревари за прв пат по две години

Милан синоќа го совлада Торино со 4:2 по продолженија во четвртфиналето на Купот на Италија. Росонерите, предводени од тренерот Стефано Пиоли, ги добија последни пет меча, вклучувајќи три во Серија А. Милан ги победи Каљари (2:0) и Бреша (1:0) на гостински терен и Удинезе (3:2), СПАЛ (3:0) и Торино (4:2) на домашен терен.

Милано, 29 јануари 2020 (МИА) – Милан синоќа го совлада Торино со 4:2 по продолженија во четвртфиналето на Купот на Италија. Росонерите, предводени од тренерот Стефано Пиоли, ги добија последни пет меча, вклучувајќи три во Серија А. Милан ги победи Каљари (2:0) и Бреша (1:0) на гостински терен и Удинезе (3:2), СПАЛ (3:0) и Торино (4:2) на домашен терен.

Последна ваква серија на миланскиот клуб беше во февруари 2018 година. Тогаш беа совладани СПАЛ, Лудогорец два пати, Сампдорија и Рома.

Во Италијанското првенство Милан по 21 коло е на осмото место со 31 бод. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close