0_Спорт.ПорталФудбал

Милан е заинтересиран за Даглас Коста

Напаѓачот на Јувентус, Даглас Коста кој е на позајмица во Баерн Минхен може да се врати во Серија А, пренесува „Тутоспорт“.

Милано, 29 јануари 2021 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Даглас Коста кој е на позајмица во Баерн Минхен може да се врати во Серија А, пренесува „Тутоспорт“.

Според италијанскиот медиум, за 30-годишниот Бразилец е заинтересиран Милан, кој е подготвен да го ангажира играчот во зимскиот преоден рок.

Во исто време, големата плата на фудбалерот, која изнесува 6 милиони евра, може да стане проблем.

Коста оваа сезона одигра 19 натпревари на сите турнири, постигна еден гол и направи две асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close