0_Спорт.ПорталФудбал

Милан ќе го спасува Кристенсен од Челзи

Дваесет и три-годишниот фудбалер ја губи конкуренцијата за својата позиција со Антонио Рудигер, Курт Зума и Фикајо Томори.

Лондон, 8 јануари 2020 (МИА) – Милан има интерес за централниот дефанзивец на Челзи, Андреас Кристенсен, објави „Скај Спорт“. Оваа сезона Данецот учествуваше само на осум натпревари, последниот од нив на почетокот на декември.

Дваесет и три-годишниот фудбалер ја губи конкуренцијата за својата позиција со Антонио Рудигер, Курт Зума и Фикајо Томори. Оваа ситуација го привлече вниманието на Милан, а „росонерите“ го свртеа вниманието кон Кристенсен, откако ја загубија борбата со Шалке 04 за Жан-Клер Тодибо од Барселона. Милан, кој се наоѓа на 12. место во Серија „А“, сака да го изнајми Кристенсен до крајот на сезоната со опција да ги откупи неговите права.

Друга опција за „црвено-црните“ е да се засили со искусниот Кјаер, кој е резерва во Аталанта и не крие дека сака да си замине. Данецот е во Бергамо како отстапен од Севиља. Како дел од договорот, можно е во Аталанта да се врати Матија Калдара.

Таг
Back to top button
Close
Close