0_Магазин.ПорталВидеоСцена

Мик Џегер и Дејв Грол објавија химна за по пандемијата

Мик Џегер и Дејвид Грол ги здружија силите и создадоа „пост-пандемиска химна“. Се работи за песна којашто се однесува на контроверзиите што ги среќаваме во ерата на Ковид-19, карантини, маски, Тик-ток, Зум и анти-вакцини.

Лос Анџелес, 14 април 2021 (МИА) – Рокерите Мик Џегер и Дејвид Грол ги здружија силите и создадоа „пост-пандемиска химна“. Се работи за песна којашто се однесува на контроверзиите што ги среќаваме во ерата на Ковид-19, карантини, маски, Тик-ток, Зум и анти-вакцина движења.

Песната се вика „Eazy Sleazy“ и синоќа е објавена на платформата „Јутјуб”.

– Сакав да ја споделам оваа песна што ја напишав по повод излегувањето од изолација, со толку посакуван оптимизам. Дејв, ти благодарам што ги зеде за тапаните, басот и гитарата, беше забавно да работам со тебе на овој проект. Јас се надевам дека сите ќе уживаат во тоа… Во песната „Eazy Sleazy”, изјави прославениот пејач на Ролинг Стоунс, Мик Џегер (77).

Дејв Грол (52) е американски рок-музичар, пејач и текстописец, а својата кариера ја започна во 1980-тите во рок-бендот „Скрим“, а потоа и како тапанар во славната „Нирвана“. По смртта на пејачот на „Нирвана“ – Курт Кобејн, Грол ја основа групата „Фу фајтерс“ и соработува со многу други познати музичари.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close