СветСвет.Портал

Мигранти насилно влегоа од Гватемала во Мексико на пат кон САД

Мексиканските власти денеска соопштија дека околу 350 имигранти ја обиле бравата на капијата на границата со Гватемала и насилно влегле во јужниот дел на Мексико за да се приклучат на поголема група мигранти, кои се обидуваат да стигнат до САД.

Мексико Сити, 13 април 2019 (МИА) – Мексиканските власти денеска соопштија дека околу 350 имигранти ја обиле бравата на капијата на границата со Гватемала и насилно влегле во јужниот дел на Мексико за да се приклучат на поголема група мигранти, кои се обидуваат да стигнат до САД.

Националниот институт за имиграција не ја идентификуваше националноста на мигрантите, но, повеќето се од Централна Америка.

Сличен судир се случи и на истиот граничен мост меѓу Мексико и Гватемала минатата година.

Институтот соопшти дека мигрантите постапувале „непријателски” и „агресивно” и ги обвини дека ја нападнале локалната полиција во Метапа, мексиканско село, кое лежи меѓу границата и градот Тапачула.

Околу 350 луѓе минале покрај полицијата, која го чувала мостот и се придружиле на поголема група од околу 2.000 имигранти, кои се упатиле кон градот Тапачула во Мексико.ир/

Таг
Back to top button
Close
Close