0_Спорт.ПорталФудбал

Мицотакис: Погрешно е формирањето затворена Супер лига, фановите нема да го прифатат

Едноставно и јасно, тоа е погрешно, фановите нема да го прифатат, коментираше преку „Твитер“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на најавите за формирање затворена фудбалска Супер лига, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 20 април 2021 (МИА) – Едноставно и јасно, тоа е погрешно, фановите нема да го прифатат, коментираше преку „Твитер“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на најавите за формирање затворена фудбалска Супер лига, јави дописничката на МИА од Атина.

– Можноста да се случи неочекуваното го прави фудбалот толку возбудлив. Предлогот на неколку имашливи европски клубови за формирање затворена лига целосно е спротивно на историјата и традицијата на спортот. Јасно и едноставно, тоа е погрешно. Фановите нема да го прифатат, напиша Мицотакис на „Твитер“.

Пред два дена, 12 клубови, од Италија, Англија и Шпанија, најавија формирање на ново фудбалско натпреварување, проект на којшто остро се спротивстави Европската фудбалска федерација (УЕФА).  ср/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close