Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Мицотакис до Турција: Запираат провокациите, започнуваат разговорите

Од многуте претерани изјави на претседателот Ердоган, задржувам само една, онаа во која говори за дијалог и на тоа одговарам со јасна порака: запираат провокациите, започнуваат разговорите, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од средбата со шефот на Комисијата за надворешни прашања на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина Јанг Јиечи, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 4 септември 2020 (МИА) – Од многуте претерани изјави на претседателот Ердоган, задржувам само една, онаа во која говори за дијалог и на тоа одговарам со јасна порака: запираат провокациите, започнуваат разговорите, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од средбата со шефот на Комисијата за надворешни прашања на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина Јанг Јиечи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека посетата на Грција во конкретниот момент е од особено значење, бидејќи Кина, како постојан член на Советот за безбедност на ОН, се залага за принципите на меѓународното право.

Објасни дека за „нелегалната активност на Турција потребен е меѓународен одговор“ со главен компас меѓународното право.

-Мојата земја и може и сака да разговара за одредување на морските зони во Егејското море, во Источниот Медитеран, врз основа на меѓународното право. Но, без да биде уценувана и без да се прекршува логиката. Значи, да се отстранат заканите за да почнат контактите, порача Мицотакис.

Паралелно, Мицотакис додаде дека министерот за надворешни работи Никос Дендиас на денешната средба во Њујорк, на генералниот секретар на ОН ќе му достави писмо од него во кое е „претставена и документирана нелегалната активност на Анкара“.

Јанг Јиечи од своја страна рече дека „мирот и стабилноста во регионот и во светот се многу важни“.

-Кинеската страна тесно ги следи последните случувања во Источниот Медитеран и сметаме дека инволвираните страни мора, разликите да ги решат преку дијалог и да се избегнат активности што може да ја ескалираат ситуацијата, истакна Јиечи. ср/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close