БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Мицотакис: Април ќе биде клучен месец

Април ќе биде клучен месец, и покрај фактот што засега, се справуваме подобро од другите земји, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на ситуацијата со коронавирусот во земјата на почетокот на состанокот со надлежните за програма од општините за помош на ранливите групи граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 1 април 2020 (МИА) – Април ќе биде клучен месец, и покрај фактот што засега, се справуваме подобро од другите земји, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на ситуацијата со коронавирусот во земјата на почетокот на состанокот со надлежните за програма од општините за помош на ранливите групи граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја истакна важноста од спроведувањето на досегашните мерки, нагласувајќи дека е потребно и оние кои не ги почитуваат „да сфатат дека на тој начин го ставаат во опасност не само нивното здравје, туку и здравјето на луѓето кои ги сакаат“,

Тој потенцираше дека Владата доколку оцени дека треба да интервенира за мерките да станат построги, тогаш и ќе го стори тоа. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close