0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Мицковски во посета на Бигорски манастир

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир.

Дебар, 20 април 2021 (МИА) – Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир.

-По покана на нашиот старец и игумен, епископ г. Партениј, денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посети свештената бигорска Обител. Почитуваниот гостин беше пречекан од нашето братство во духот на манастирското гостољубие и запознаен со животот и мисијата на манастирот, информираа од Бигорскиот манастир.

Додаваат дека во топлата и пријателска атмосфера владиката Партениј и Мицковски разговарале за разни теми што се однесуваат за „добросостојбата и благоуспевањето на нашата држава и на нашето општество“.

-Од своја страна Мицкоски искажа голема благодарност и поддршка за благородната евангелска мисија на владиката Партениј и на неговото братство. Од своја страна, Старецот му се заблагодари на ценетиот гостин за посетата и за укажаната морална поткрепа, додаваат од манастирот. вт/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close