0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Мицковски во Дебар: Гарантираме безусловна правда и нула толеранција на корупцијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и носителот на кандидатската листа во Петтата изборна единица на коалицијата „Обнова за Македонија“ Игор Дурловски денеска беа во Дебар од каде порачаа дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има мерки кои гарантираат безусловна правда и нула толеранција на корупцијата. 

Дебар, 2 јули 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и носителот на кандидатската листа во Петтата изборна единица на коалицијата „Обнова за Македонија“ Игор Дурловски денеска беа во Дебар од каде порачаа дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има мерки кои гарантираат безусловна правда и нула толеранција на корупцијата.

– Овие избори се избор каква Македонија сакаме да видиме за четири години од сега, а јас би рекол и годините кои што следат по овие четири години. Дали сакаме да ја гледаме Македонија којаќе биде засрамена, понижена, омаловажена, опљачкана, полна со криминал, корупција, многу неуспеси или Македонија која што ќе биде горда, исправена и во која сите жители кои се дел од неа, ќе можат гордо да кажат да јас сум од Македонија, рече Мицкоски.

Посочи дека СДСМ ветувале дека ќе донесат правда, но, како што рече, за жал граѓаните добиле рекет, криминал и сиромаштија.

Додаде дека внимателно се избрани проектите во програмата и оти посебен акцент е ставен на правната држава, почитувањето на законите и на Уставот.

Пред дебрани се обрати и носителот на кандидатската листа Игор Дурловски, кој порача дека  ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за поголем број инвестициски проекти за да се развие  Дебар, да се охрабрат повратниците од странство да инвестираат, да се развие бањскиот туризам и да се искористат природните потенцијали што ги нуди Дебар и Дебарското Езеро.

Посочи дека овие избори се шанса што не смее да се пропушти.

-Во изминативе три години имавме бројни неисполнети ветувања, разочарувања, лаги. Ни го погазија националното достоинство, не обезличија, ни го избришаа самобитното. Станавме заложници на една група лакоми политичари кои за сопствен интерес продадоа се, дури и сопственото име. Три години беа доволни да се види нивното неумење во економијата, во здравството, во образованието, во владеењето на право. Потфрлија буквално во се, ја донесоа Македонија до дното и без срам продолжуваат да го прават истото. Овие луѓе немаат образ. Затоа е време сите заедно да им кажеме доста е, вашето време заврш, рече Дуловски.

Пред дебрани се претстави и Алмин Шаиноски, кој е дел од кандидатската листа во оваа изборна единица од Дебар. вт/бак/

Back to top button
Close
Close