0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Мицковски од Кратово: Граѓаните ќе одлучат меѓу два различни концепта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва од Кратово повика на сплотување и одлучност бидејќи, како што рече, сега е време кога граѓаните ќе треба да одлучат меѓу два сосема различни политички концепти. 

Скопје, 11 јули 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва од Кратово повика на сплотување и одлучност бидејќи, како што рече, сега е време кога граѓаните ќе треба да одлучат меѓу два сосема различни политички концепти.

– Едниот е што го нудат истрошени, безидејни политичари од времето на транзицијата, а другиот е понудата на луѓето кои имаат решение и знаат како да се справат со сите предизвици, се до крајната цел. А крајната цел е Македонија онаква каква што ја знаеме, нашата Македонија. Одлуката овој пат е меѓу сосема две спротивставени политички понуди. Срам или чест. Подвиткана или исправена кичма. На една страна гледаме криминал и корупција, а на другата страна ред и поредок, чест и честитост, рече Мицковски.

Обвини дека СДСМ и БЕСА сакаат да ја федерализираат и уништат државата.

– Од пред некој ден имаме информација дека СДСМ и БЕСА во два чекора сакаат да ја распарчат Македонија. Прво е федерализација, а потоа следи уништување. И ова не е само во главата на ВМРО-вците. И тогаш предупредувавме за договорите и тогаш велеа дека тоа е само во нашите глави, но целата македонска јавност виде како тие ги спроведоа сите три договори, рече Мицкоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Третата изборна единица Игор Јанушев ги повика кратовчани масовно да излезат и да го дадат својот глас на 15 јули.

– Деновиве сме сведоци на огромен поткуп. Афери со лични карти, а знаете и дека овде во Кратово нудат пакети со цел да влијаат врз вашиот глас, рече Јанушев.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ доколку победи на изборите, ќе донесе закон за испитување на потеклото на имотот на политичарите.

– Да видиме дали Заев навистина има 70 илјади евра колку што пријавил, дали се 8 и пол милиони евра како што го слушнавме дека кажува или можеби се многу повеќе. Тоа го имаме во програмата и секој еден ќе треба да докаже како го стекнал својот имот, рече Јанушев. бак/см/

Back to top button
Close
Close