0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Мицковски: Законот на ЈО на СДСМ е да продолжи уривањето на правниот систем

Нашите црвени линии се закон кој е во согласност со Уставот, применлив и ќе обезбеди независност на обвинителството и непристрасна борба против криминалот. Ако се на ова подготвени СДСМ законот може да се изгласа веднаш, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју за Прес 24, прашан дали има можност новиот закон за јавно обвинителство да биде изгласан пред распуштање на Парламентот.

Скопје, 1  февруари 2020 (МИА) –  Нашите црвени линии се закон кој е во согласност со Уставот, применлив и ќе обезбеди независност на обвинителството и непристрасна борба против криминалот. Ако се на ова подготвени СДСМ законот може да се изгласа веднаш, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју за Прес 24, прашан дали има можност новиот закон за јавно обвинителство да биде изгласан пред распуштање на Парламентот.

Мицковски смета дека законот за јавно обвинителство на СДСМ е да продолжи уривањето на правниот систем, како и дека е противуставен, во спротивност со кривичниот закон и не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, а ќе значи, како што вели, само продолжување на легализираниот криминал на Специјалното јавно обвинителство во формата на Основното јавно обвинителство.

Мицковски истакнува дека забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон ги потврдиле и експертите и целокупната реномирана правна фела, како и дека „она што СДСМ сака да го направи од законот е да обезбеди контрола врз обвинителството за да си обезбеди неформална амнестија за криминалите за кој ќе одговараат“.

– Нека бидат искрени и да кажат дека законот за обвинителство го носат за амнестија на Заев. Тие сакаат и понатаму да постои една Рускоска која ќе обвинува на повик од Заев, Јовевски кој ќе заштитува и Кацарска која ќе суди. Па токму за неа гледаме како сведочат дека ургирала за предмети, за судијката Дика како има обвинувања дека перела пари и за целокупната останата болумента на Заев во судството која е корумпирана до гуша. Овој закон на СДСМ е да се продолжи уривањето на правниот систем кој сака да го прави Заев. Е тоа нема да помине. Законот е проитвуставен, во спротивност со кривичниот закон, не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, и ќе значи само продолжување на легализираниот криминал на СЈО во формата на ОЈО. Нашите црвени линии се закон кој е во согласност со Уставот, применлив и ќе обезбеди незавинсост на обвинителството и непристрасна борба против криминалот. Ако се на ова подготвени СДСМ може да се изгласа законот веднаш, наведува Мицковски.

Политичките партии кои имаат забелешки на Предлог-законот за јавно обвинителство до денеска напладне треба да поднесат амадмани, по што најверојатно в понеделник ќе се одржи нова средба во поширок состав, на која ќе се разговара за тоа кои амандмани се прифатливи.лв/

Back to top button
Close
Close