0_Web_АктуелноДописници МКДПолитички партии

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и не може да води кампања позади екраните

ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и никако не може да води кампања позади сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние дваесет денови кои ќе бидат дел од кампањата, рече денеска лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски од пред еден од штандовите на партијата поставени во Струмица.

Струмица, 20 јуни 2020 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и никако не може да води кампања позади сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние дваесет денови кои ќе бидат дел од кампањата, рече денеска лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски од пред еден од штандовите на партијата поставени во Струмица.

Тој посочи дека со струмичани разговарале за она што не е направено од раководството на СДСМ во изминатите три години и ќе презентирале дел од проектите кои планираат да ги реализираат и да ја претстават обновата којашто доаѓа и дека е оптимист за една голема победа која ќе се случи на 15 јули.

– Народот заедно со Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата овие неуспшни политичари кои три години ја држат во заложништво Македонија, додаде Мицкоски.

Тој одговори и на новинарско прашање за објавените аудио снимки на кој се слуша глас на еден адвокат како бара шест милиони евра.

– Тоа го потврди вчера и обвинителката Вилма Русковска. Изминативе три години изгледа професија во нашата држава Македонија била рекетот. Гледаме сега дека и адвокати, кои што знаете дека се силно инфилтрирани во македонското судство семејно практично, имаат пуштено корени таму, се занимавале со рекетирање на луѓе, изнуда, посредништво. Се чудам кој е тој што денес во Македонија има шест милиони во „кеш“, што би рекол еден друг политичар. Очигледно е дека лицето кое што се слуша на таа снимка може да даде одговор кој е тој што денеска поседува таква сума, кога огромно мнозинство од граѓаните едвај врзува крај со крај. Рекетот во изминатите три години била професија и практично земала епидемиолошки размери низ целата држава и еве 15 јули е уште една можност граѓаните да ги поразат овие погрешни политики, одговори Мицкоски.

Носителот на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Александар Николовски, рече дека повеќе проекти во овој регион не се реализирани и четвртата изборна единица, според него, е еден показател на најголем број на нереализирани проекти од она што било ветено пред четири години со така наречниот „План за живот“, а кој што станал, како што рече, план за измами, за богатење и корупција. рт/сп/

Back to top button
Close
Close