Политички партии

Мицкоски: Трет ден молк за промената на ДУП-от во Тетово, интеркоалицискиот договор предвидува промена и на други ДУП-ови

Трет ден има молк и нема одговор од страна на СДСМ, ниту од општина Тетово, ниту пак од Владата, ниту пак Министерството за транспорт и врски дало одговор зошто токму тогаш се случила промената на тој ДУП во Тетово со кој се овозможува дополнителна можност за заработка на 200 милиони евра на контроверзен бизнисмен, рече на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Трет ден има молк и нема одговор од страна на СДСМ, ниту од општина Тетово, ниту пак од Владата, ниту пак Министерството за транспорт и врски да дадат одговор зошто токму тогаш се случила промената на  ДУП во Тетово, со кој се овозможува дополнителна можност за заработка на 200 милиони евра на контроверзен бизнисмен, рече на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој бизнисмен, рече Мицкоски „го слушавме за време на изборната кампања како споменува провизии од неколку стотици илјади евра, па потоа гледавме дека демантираше, па потоа вели дека ветил 2000 квадрати кога ќе помине ДУП-от“.

– Тука веќе не може да се вадиме дали била оваа или друга Влада затоа што раководството на општината во која се менува овој ДУП и тогаш и во едната и во друга Влада било тоа раководство, па вели како ќе дал провизија од две илјади квадрати, па се споменуваа неколку милиони евра за работа што треба да му биде завршена, а таа работа се завршува веднаш по формирањето на Владата, изјави Мицкоски.

Неколку дена по постигнувањето на коалицискиот договор, истакна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, се менува ДУП со кој, како што рече, на криминален начин се овозможува да се стекне добивка повеќе од 200 милиони евра, односно отприлика 120 илјади метри квадратни станбен простор, некаде околу 60-тина илјади метри квадратни се трговски и деловен простор, а 20 – тина илјади квадрати се резиденцијални куќи…..

Според Мицкоски, овој интеркоалициски договор, како што го нарече, предвидува менување и на други ДУП-ови.

– Ќе се прашате зошто коалициски договор помеѓу политички партии предвидува менување на ДУП затоа што тоа е мафија, а мафијата е тесно поврзана со нелегални вредности. Тука нема никакви врска со политика, а такви ДУП и менување ќе слушнете и во строгиот центар на градот и зошто и кога се менувани и која била целта, затоа што логично е кога се постигнуваат интеркоалициски договори меѓу политички партии се дефинираат политики, планови и итн, а не се менуваат ДУП со кои се овозможува екстра профит на лица, рече меѓу другото претседателот на ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција. цр/ац/

 

 

Back to top button
Close
Close