Политички партии

Мицкоски се сретна со унгарскиот амбасадор во Македонија, Ласло Дукс

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (04.03.2020) оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Ласло Дукс.

Скопје, 4 март 2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (04.03.2020) оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Ласло Дукс.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска ситуација во државата, претстојните предвремени парламентарни избори и европската перспектива на Македонија.

Мицкоски на средбата истакна дека високата корупција како и бројните афери без завршница поврзани со функционери од актуелната власт претставуваат сериозна кочница на Македонија.  Мицкоски ја афирмираше заложбата на ВМРО ДПМНЕ за откочување на патот кон ЕУ и наша интеграција во европското семејство.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека власта наместо да биде фокусирана на исполнување на реформите и подобра економија и инфраструктура, целата енергија ја посвети на политички пазари со цел амнестијата за криминалите изминативе години.

Мицкоски потенцираше дека после 12 април владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ забрзано ќе работи на исполнување на клучните реформи и ќе воведе економски мерки со кои ќе ги доближи македонските граѓани до европскиот стандард.

На средбата беше посочена и одличната соработка помеѓу Македонија и Унгарија  и беше нагласено дека во иднина постои простор за уште поголема соработка како на економски така и на научен план.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close