Политички партии

Мицкоски: Пендаровски да свика лидерска средба да се договориме за клучните прашања, а не да се надмудруваме преку медиуми

Стево Пендаровски, како претседател на Република Македонија, кој пред да прогласи вонредна состојба свика лидерска средба на која беа образложени одлуките кои ќе следат, треба повторно да свика лидерска на која Заев и СДСМ ќе објаснат зошто е потребно свикување на Собранието, за кое пред тоа велеа дека не е можно да се свика и дека со вонредна состојба прогласена од претседателот на државата владата ќе може полесно да носи уредби, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - Христијан Мицкоски, во емисијата 360 на Алсат.

Скопје, 25 април 2020 

Стево Пендаровски, како претседател на Република Македонија, кој пред да прогласи вонредна состојба свика лидерска средба на која беа образложени одлуките кои ќе следат, треба повторно да свика лидерска на која Заев и СДСМ ќе објаснат зошто е потребно свикување на Собранието, за кое пред тоа велеа дека не е можно да се свика и дека со вонредна состојба прогласена од претседателот на државата владата ќе може полесно да носи уредби, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, во емисијата 360 на Алсат.

Став на Мицкоски е дека Пендаровски мора да свика лидерска.

– Мојот став околу тоа прашање е дека што и да се случи и да продолжи СДСМ на неуставен начин да се обидува да ги свикува парламентарците во Парламентот ние ќе велиме не, тие ќе велат така е, ќе цитираме Устави, членови, Венецијански Комисии. Факт е дека ние имаме состојба на криза, дали ние формално сме ја прогласиле или не, ние имаме во моментот состојба на криза и логично е да го повикаме претседателот на државата бидејќи пред да се воведе вонредна состојба го повикавме претседателот да прогласи вонредна состојба. Пред да ја прогласи таа вонредна состојба имавме состанок кај претседателот на државата да најдеме начин како да се одложат тие избори. Тогаш на тој состанок нас ни беше аргументирано од страна на владеачкото мнозинство дека на нас ни е потребна вонредна состојба за да може владата да носи уредби со сила на закон бидејќи на стопанството му се потребни мерки, предлози и да донесеме уредба со која што ќе ги прекинеме изборните дејства. Ајде сега истиот претседател на државата да направи една таква лидерска средба да седнеме да поразговараме, истакна Мицкоски.

Мицкоски на лидерската ќе побара од владеjачкото мнозинство да каже која е целта на ова противуставно собирање на Парламентот.

-Ја користам оваа прилика да го повикам претседателот во најскоро време, да не создаваме во реалноста непотребна тензија, да не се контрираме со позиции да се надмудруваме кој е погласен или повидлив, дајте да седнеме да направиме една лидерска средба, да ги отвориме картите, нека не запознае владеачкото мнозинтво, нека не запознае Зоран Заев што е целта на ова противно уставно собирање и да видиме дали можеме да се договориме.

Мицкоски вели дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација, поранешни пратеници и поранешен состав на Собранието не можат да поднесат иницијатива. Според него тоа е сериозен преседан кој што ќе значи директно кршење на Уставот на Република Македонија.

Ние јасно се уште не ги знаеме економските ефекти од пандемијата. Власта претходно викаше дека блескаме на економски план, а што прави сега!? Тоа е несериозно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ.

-Денес нам ни на крај памет не ни паѓа политикантство. Нашиот став е јасен приоритет е здравјето на граѓаните и економијата, тука не се изборите. Затоа треба и комплетирање на работите, треба да се види што со избирачкиот список на пример. Во меѓувреме има и починати. Тука е и прашањето за екипирање на изборачките одбори. Зоран Заев пак што прави зборува, брифира со датуми за избори. Јас се држам до принципите, не можам да се однесувам лицемерно како Заев, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски категорично рече дека во услови на ваква здравсвтена криза треба да се рамислува пред се за здравјето на граѓаните, како и за економските последици, а не за избори.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е насочена на прикривање на незаконитостите. Показател за тоа е и желбата за свикување на Собранието со цел, сите овие уредби кои што беа донесени од страна на оваа техничка влада со двотретинско мнозинство во рамките на Парламентот ги потврди па да биде на сигурно. Бидејќи знаат дека во следниот состав на Парламентот можеби нема да имаат можност, да имаат мнозинство. Можеби нема да бидат тие кои што ќе ја составуваат Владата. Па се плашат од исходот на една таква ситуација“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е кредибилно и легитимно власта да е уплашена бидејќи знаат дека ќе изгубат на следните парламентарни избори, кога и да се случат. И така уплашена власта сега се обидува противуставно да го соберат овој состав на поранешни пратеници.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close