0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Мицкоски од Неготино: 640 милиони евра субвенции за земјоделците и загарантиран откуп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при неговата посета денеска во Неготино им се заблагодари на оние кои пред многу години до денес ставале цигла по цигла, штица по штица за да може да стојат пред најголемата и најорганизираната политичка сила во Македонија, а тоа се, како што рече, основачите и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при неговата посета денеска во Неготино им се заблагодари на оние кои пред многу години до денес ставале цигла по цигла, штица по штица за да може да стојат пред најголемата и најорганизираната политичка сила во Македонија, а тоа се, како што рече, основачите и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.

-Изминативе денови започна кампањата за предвремените парламентарни избори и започна во едни специфични услови од тоа што беше во минатото, затоа што ние сме единствената држава во Европа која никако да излезе од овој прв бран кој не зафати со оваа пандемија. Не можеме да излеземе затоа што за жал имаме некадарни политичари, имаме политиколози наместо инфектолози во Комисијата за заразни болести кои што за жал мерките кои што ги спроведуваат не само што не вродија со плод, не донесоа резултати туку напротив ја влошија состојбата. Она што е важно е почитувајќи ги мерките на 15 јули да излеземе масовно како што тоа знае да го направи патриотско Неготино и да го казнат ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, истакна Мицкоски.

Мицкоски пред неготинчани ја презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ

– Нема да направиме чуда, но ќе оствариме се што сме ветиле. Се обврзуваме да работиме деноноќно за доброто на граѓаните. Се обврзуваме на 25% поголема просечна плата во еден мандат, 20% поголеми пензии, минимум 1000 километри реконструирани регионални и локални патишта. Се обврзуваме на невработеност под 10%. За претприемачите се обврзуваме на најнискиот рамен данок во Европа од 8% и за секое вработено лице до 29 години да нема данок. Се обврзуваме на капитални инвестиции со 90% реализација. Реновирани болници, еден универзитет во првите 1000 според Шангајската листа, достоинствени услови за студентите со реновирани студентски домови и најмалку еден студентски град. За земјоделците најмалку 640 милиони евра субвенции во еден мандат и загарантиран откуп на произведеното, посочи Мицкоски.

Носителот на Изборна единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски пред жителите на општина Неготино порача дека на луѓето им е преку глава од националните понижувања, и од економските опустошување. Луѓето како што рече, сакаат правда, сакаат ред, сакаат битка со корупција и организиран криминал.

Николоски нагласи дека предвремените парламентарни избори се клучни за граѓаните но и за државата, укажувајќи дека потребно е ставање крај на националното понижување во изминатите три години.

-Јас не сум ниту од Неготино, ниту од Кавадарци, ниту од Струмица, ниту од Гевгелија и јас не можам да се правам поголем локал патриот од било кој од вас. Ама знам нешто друго. Мојот противкандидат кој што глуми голем локал патриот не успеа атмосферска и фекална канализација да си направи во неговото Муртино. Во три години мандат камен не стави во четвртата изборна единица. Еден пат започна да се гради од Штип до Радовиш камен нема ставено за три години, да не зборувам за другите ветувања кои што ги имаше тука. Мојот мотив да дојдам тука е за да го победиме дома. Затоа што со победа дома ќе победиме и на ниво на целата држава и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада, додаде Николоски.бт/са/

 

Back to top button
Close
Close