0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Мицкоски: Од еден разговор се сечат и се монтираат парчиња по потреба на СДСМ

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со разговорот што денеска беше пуштен во јавноста изјави дека станува збор за нелегално снимен разговор и оти од еден разговор се сечат, и монтираат парчиња по потреба на СДСМ и на претседателот на партијата Зоран Заев. 

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со разговорот што денеска беше пуштен во јавноста изјави дека станува збор за нелегално снимен разговор и оти од еден разговор се сечат, и монтираат парчиња по потреба на СДСМ и на претседателот на партијата Зоран Заев.

-Тој е еден разговор. Се сечат и се монтираат парчиња по потреба на СДСМ и Зоран Заев и мислат дека тоа ќе помогне нешто во нивната кампања, во намалување на дебаклот што им следи. Јас тоа практично сум го кажал и таму кажано дека кога ја преземав ВМРО-ДПМНЕ пред точно 30 месеци, партијата беше во незавидна финансиска ситуација со блокиран имот од истата онаа судијка Димишкова, која е сестра на оној адвокат Димишков кој го слушавме како бара шест милиони евра од познат бизнисмен за да биде ослободен од притвор, изјави Мицкоски кој денеска има предизборна средба во Кочани.

Мицкоски додаде дека и тогаш верувал и дека сега верува оти со сите тие предизвици ќе се справи.

-Останатиот дел од разговорот јас сум го коментирал и во минатото дека мора да има право и правдина онакво вистинско според законите, а не како што му одговара на СДСМ и Заев, олицетворено во Луи Витон обвинителството и трас трас судството. Деновиве ќе се изнаслушаме се и сешто, но она кое за нас е важно е да останеме фокусирани на понудата затоа што граѓаните во овие тешки моменти им е потребна визија, надеж како понатаму, не им се потребни вакви би рекол монтирани разговори, во случајот еден разговор којшто Зоран Заев и СДСМ мислат ќе им донесе некаков поен. Но, ништо ново нема таму тоа сум го повторил ќе кажам уште еднаш, многу пати во минатото. Им благодарам еве што и тие овозможија да се слушне целата вистина како беше кога го преземавме ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на опозициската партија.

Мицкоски во изјавата од Кочани посочува дека посетата во Изборната единица 3 ја почнуваат токму од овој град и оти продолжуваат понатаму во Чешиново-Облешево, во Зрновци, во Виница, а вечер ќе одржат мини средба со граѓани во Кочани.

-ВМРО-ДПМНЕ и победничка коалиција За обнова на Македонија ќе се обиде во овој предизборен караван да ја претстави својата програма, да ги претстави политиките, проектите, плановите кои што во следниот четиригодишен мандат планира да ги спроведе ширум целата држава. Се разбира овде во Кочани и кочанско можеби некако најмногу доминира интересот поврзан со земјоделието, редовната исплата на субвенциите, навремениот откуп, откупот по прифатлива цена за земјоделците да се плати на време, да се плати онака како што треба маката и трудот на земјоделецот, на честитиот и чесен земјоделец, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ планира во програмата минимум 640 милиони евра субвенции за земјоделците во еден четиригодишен мандат, обновување на водоводната инфраструктура во делот на наводнувањето на земјоделските насади.

Ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 15 јули. ев/цр

 

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close