0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитикаПолитички партии

Мицкоски: Нема разговори со СДСМ за законот за јавно обвинителство

Нема разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Законот за јавно обвинителство, потврди денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски кој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија е за закон за јавно обвинителство, но за закон кој што ќе биде правичен и што ќе нуди правда за сите граѓани во државата без исклучок дали се партиски определени или не, или на кој етникум и припаѓаат, закон во кој што ќе се гарантира вистинска правда и ќе биде честит.

Скопје, 8 февруари 2020 (МИА) – Нема разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Законот за јавно обвинителство, потврди денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски кој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија е за закон за јавно обвинителство, но за закон кој што ќе биде правичен и што ќе нуди правда за сите граѓани во државата без исклучок дали се партиски определени или не, или на кој етникум и припаѓаат, закон во кој што ќе се гарантира вистинска правда и ќе биде честит.

СДСМ ако собере мнозинство, додаде тој, може да го донесе законот што ќе се носи по скратена постапка.

-Ова што денеска ни се предлага не е таков. Не знам што е чудно експертите да седнат, кои беа дел од собраниската расправа, без разлика дали овој или следниот парламентарен состав. Безусловно ви велам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тој закон ќе го поддржи. Колку повеќе губиме време во создавање на артефицијални мнозинства, толку повеќе ги разочаруваме граѓаните затоа што граѓанинот чуствува дека не е суверен на својот глас затоа што бадијала граѓанинот излегува да гласа кога некој како Заев ќе може да формира на сила парламентарно мнозинство од 80 пратеника или 50 или 61, и ќе поддржи определено законско решение. Да не ве чуди ова што денеска ни се случува во насока на празнење на државата, изјави Мицкоски на прес-конференција.

Кај нас, додаде тој, имаме пазарење на отворена сцена и ние тоа го премолчуваме и дури велиме така треба.

-Тоа за мене е скандалозно. Не само што се уништува интегритетот на луѓето туку треба да се вразумат тие што го прават тоа дека на краток рок уништуваат човечки животи. Апелирам, да ги остават луѓето на раат. Немојте да вршите притисоци, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски мпрашања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека дека државата има целосно партизиран Буџет,  узурпирање и злоупотреба во насока на поткуп пред предвремените парламентарни избори, масовно партизирање на администрацијата со повеќе од 6.000 нови вработувања, како и дека во сите општини каде што СДСМ има градоначалници масовно се објавуваат конкурси за привремени вработувања. Мицкоски кажа дека ние сме можеби единствената држава каде што имотот на опозицијата е замрзнат и дека ако некој сака „како било да ја помогне опозицијата и е забележан на периметар од 10 метри од оваа зграда следниот ден е нападнат со сите можни инспекции во државата“.

-Во услови кога сигурно нема да биде законски гарантираното финансирање на политичките партии ние не го поставуваме прашањето за кредибилност на следните предвремени парламентарни избори, ние зборуваме за нешто за што ВМРО-ДПМНЕ се произнесе сто пати во минатото, рече Мицкоски посочувајќи на законот за јавно обвинителство.

Лидерот на опозоцијата кажа дека нема намера да преговара за пролонгирање на датумот за распуштање на Парламентот, како што се најавува.

– Јас сум сериозен човек и кога ќе постигнам договор, јас договорот го почитувам. Договорот е постигнат на 12 февруари да се распушти Собранието, на 12 април да имаме предвремени парламентарни избори. За мене тој договор е завршен. Тука немам никаква дилема, ниту пак имам намера да преговарам ниту пак имам намера телефони да вртам ниту да пристискам, рече Мицкоски.

За барањето на ДУИ за прекројување на изборните единици каде што е пречекорен законскиот праг, лидерот на опозицијата апелираше до сите политички партии да ја напуштата дневно политичката агенда и да гласаат за измените согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

– Ние разговаравме и преговаравме со СДСМ за измените во Изборниот законик. Најголемиот дел од тоа што го договаравме не успевме да го договориме, но околу едно имаме консензус да се примена препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Апелирам до сите политички партии да го напуштат оној дневно политички театар кој што го прават и едноставно да покажат да зрелост да влезат во парламентот и тоа што е препорака на ОБСЕ/ОДИХР за да имаме колку толку кредибилен процес да го поддржат без какви било условувања, рече Мицкоски.

Во врска со обвинувањата дека ќе работат на поништување на Договорот од Преспа, тој кажа дека  Договорот е реалноста, и дека не можеме да ја игнорираме оваа реалност, но оти „онаа неправда која што е нанесена, што чуствуваме дека е неправда, демократски, европски е да се бориме да ја промениме„. Дали ќе успееме, додаде тој, времето ќе покаже.

Мицкоски кажа дека разговараат со повеќе политички партии за коалицирање, дека помалите партии нивни досегашни партнери веќе ја потврдиле коалицијата, но исто така дека разговараат и со партии што сега се во коалиција со СДСМ. ев/аа/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close