Парламентарни избори 2020Политички партии

Мицкоски на видео средба со шефицата на Специјална мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР Лаима Андрикиене

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска преку видео-врска оствари средба со шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР Лаима Андрикиене.

Скопје, 26 јуни 2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска преку видео-врска оствари средба со шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР Лаима Андрикиене.

На средбата се разговараше за предвремените парламентарни избори и актуелната политичка ситуација во Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека овие избори ни носат поинакви предизвици имајќи и ја во предвид состојбата со коронавирусот. Додаде дека секој човечки живот вреди и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се загрози животот на македонските граѓани, токму затоа сите свои активности ќе ги организира согласно препораките за заштита и превенција од Ковид-19.

Мицкоски потенцираше дека и покрај залагањата за фер и демократски избори, очигледна е нервозата кај СДСМ која на самиот почеток го наруши изборниот процес со бомбата фрлена пред дуќанот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и вербалниот напад од советникот на премиерот врз носителот во шестата Изборната единица Игор Дурловски, но и секојдневниот поткуп на социјално загрозените семејства низ Македонија.

Тој посочи дека ваквите чекори на власта се израз на паника и нервоза поради поразот кој им претстои на изборите на 15 јули.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Македонија се наоѓа во многу тешка ситуација особено на економски план, а власта не е способна да ја извади државата од кризата. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма наречена Проект Обнова со над 1000 проекти нуди решенија за излез од кризата и Обнова на Македонија од актуелната ситуација.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close