0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Мицкоски: Ги почнуваме разговорите за формирање нова влада, но не по секоја цена

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во следните денови ќе имаат средби со партиите кои освоија пратенички места за евентуално формирање нова влада, но притоа потенцира дека останува на ставот дека тоа нема да го прави по секоја цена, под закани и уцени, туку врз основа на програмски определби и визија за подобар живот на граѓаните.

Скопје, 5 август 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во следните денови ќе имаат средби со партиите кои освоија пратенички места за евентуално формирање нова влада, но притоа потенцира дека останува на ставот дека тоа нема да го прави по секоја цена, под закани и уцени, туку врз основа на програмски определби и визија за подобар живот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ, рече, е партија која ќе се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство од 61 пратеник и да формира влада, но не по секоја цена.

-За мене политиката е на ниво на филозофија, на принципи и на програмски определби и начела. Оттука сите политички чинители кои ценат дека програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапи на изборите, а која најголем дел тоа би била и програма на работењето на идната влада можат да ја поддржат. Ние сме подготвени да разговараме не само со БЕСА, туку со сите политички партии од коалицијата предводена од СДСМ, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Ако не успееме, остануваме опозиција, нагласи Мицкоски, додавајќи дека без разлика дали ќе бидат власт или опозиција ќе продолжат да се борат за тоа во што веруваат, а тоа, според него, е создавање подобро општество и овозможување подобар живот за граѓаните.

Тој нагласува дека без разлика дали ќе продолжат да делуваат како власт или опозиција првата работа што ќе ја покренат во Собранието е поднесување закон за испитување на потеклото на имот на политичарите и функционерите и на нивните семејства.

Во врска со лицата кои, како што рече им приоаѓаат на пратеници на ВМРО ДПМНЕ за поддршка за нова влада, Мицкоски истакна дека знае за кого станува збор, но не сакаше да открие, со цел, како што рече, да не го наруши процесот на преговори за нова влада.

Според него, нема ништо спорно некој да им пријде на пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но да бара поддршка врз основа на програмски определби. Спорно е, рече, што им приоѓаат нудејќи им шест и седумцифрени суми, поволности за нив и нивните семејства…

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека Парламентот не е целосно конституиран, бидејќи не е избран претседател, чие име веројатно, како што рече, че се знае по формирањето на новото парламентарно мнозинство. сст/скс/

Прес конференција на преетседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски

Posted by MИА.mk on Среда, 05 август 2020

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close