0_Web_АктуелноДописници МКДПолитикаПолитички партии

Мицкоски: Безусловен почеток на преговорите со ЕУ во јуни

Прилеп, 27 мај 2021 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Прилеп имаше средба со стопанствениците на која се разговараше за економските состојби во Прилеп и во државава.

-Разговаравме со прилепската регионална стопанска комора за да слушнеме кои се приоритетите на стопанствениците за следните локални избори. Прилеп е помеѓу нашите врвни приоритети и сакаме да покажеме дека Прилеп ги преживеа последните четири најтешки години. Периодот кој следува ќе биде најдобриот за Прилеп и прилепчани кои ќе го менаџираат, а ќе бидат предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Од она што го слушнав од бизнисмените условите за стопанисување се тешки и покрај ковид-пандемијата, условите тешки ги направија локалната и централната власт. Стопанствениците се јунаци кои се обидуваат да ги задржат работните места. Мојата порака е дека по овие најтешки, за Прилеп и прилепчани следуваат четири најдобри години. Со градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп ќе има вистински економски и урбанистичи „бум“, изјави Мицкоски.

Тој појасни зошто му се жалел на герамснкиот министер за Еропа Михаел Рот за, како што вели, недемократскиот однос на власта.

-Начинот на кој власта менаџира и управува со државата, партизираното обвинителство, жестокиот притисок врз судството, целосен притисок врз опозицијата и, практично,невозможното однесување на власта  и на институциите врз граѓаните. Ако некој има дилема како владее Зоран Заев, покрај поткупот, тоа е притисокот врз обвинителството и врз судството. Не познавам ниту една земја кандидат во ЕУ која менаџира со многу криминал, корупција, со многу притисоци во обвинителството и во судството и би рекол, власт која не бира средства да се справи со опозицијата, рече Мицкоски.

За тврдењата за изнуда за 250 000 евра, Мицкоски вели дека видел записник со име, но не прецизирал личности кои жестоко го нападнале.

На прашањето дали очекува затоплување на односите Македонија-Буигарија, Мицкоски со одговор дека не би употребил „термички“ израз, но бара и очекува почеток на преговорите со ЕУ уште во јуни.

– Јас не коментирам во „термичка“ смисла, туку Македонија треба да го добие тоа што е заслужено. А тоа е безусловен почеток на преговорите со ЕУ, и тоа треба да се случи, сега, во јуни. премногу жртви, понижувања, омаловажувања истршевме овие 30 години независност, и тоа го заслуживме: преговорите треба да почнат веднаш, во јуни. Тоа го очекувам.  За жал, ако нашата влада малку повеќе работеше на реформите на независно судство,  обвинителство, владеењето на правото, квалитетно здравство, реформирано образование, ќе имавме многу поеќе аргументи на наша страна. За жал, сега е фокусираноста на Владата на Зоран Заев, на попустливоста и со играњето со националните приоритети. Затоа, да не си играат со идентитетските прашања. Да не прифатат договор во кој ќе потпишат и една реченица, двосмислена, а ќе го допира идентитетот. Идната влада на МВРО-ДПМНЕ нема намера да тој договор да го почитува, ова е порака и до бугарските власти. Еднострано ќе го напушти, без разлика на политичките реперкусии, рече Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, иако нема донесено одлука, ќе коалицира со сите опозиционо настроени партии.

– Во моментов немаме преговори со партиите за локалните избори. Но ќе коалицираме со сите да разговараме со сите со кои може да биде поразена оваа власт. А зошто не и со Левица, рече Мицкоски.ем/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close