Политички партии

Мицкоски: Август и септември е најдобар период за одржување избори, затоа што тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека крајот на август и почетокот на септември би бил добар период за одржување избори од позиција на заштита на здравјето на граѓаните.

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека крајот на август и почетокот на септември би бил добар период за одржување избори од позиција на заштита на здравјето на граѓаните.

Мицкоски вечерва во емисија на телевизија Клан, образложил дека кај СДСМ мислењето е поинаку.

– Тие ценат дека нивниот министер за здравство има определена симпатија од кај граѓаните и со тоа мислат ќе добијат поголема поддршка од граѓаните. Но има и определена група на граѓани кои нема да излезат од страв од корона вирусот но и бидејќи се разочарани од оваа власт која ветуваше многу, но не исполни ништо, рекол меѓу другото Мицкоски, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ. цр/

 

Back to top button
Close
Close