0_Web_Насловна-слајдер0_МИА Истражува.ПорталВидео изјаваДописници МКДРепортажа

МИА во штипското Инфективно одделение

Инфективните одделенија се полнат со пациенти, и тоа со тешка клиничка слика. На штипското Инфективно одделение од вчера се додадени уште пет болнички кревети, па наместо 65 сега во овој регионален ковид-центар ќе се лекуваат 70 пациенти. Вчера во него имаше 69 пациенти и еден слободен кревет. Раздвижено е во кругот на Инфективното одделение во Штип, пациенти чекаат амбулантски преглед, друштво им прави понекој роднина. Некои се тивки, замислени, очите им говорат дека во нив има тага, болка, а во меѓувреме го чекаат исходот од прегледот, други, пак, почнуваат разговор, па доколку лекар или сестра се надвор во кругот бараат одговори за нивната состојба и што понатаму. Во оваа амбуланта дневно се прегледуваат сто пациенти. Бројката која неколку недели никако да се намали покажува и колкав е голем притисокот врз здравствениот систем. Возила на Итната медицинска помош со регистарски таблички од сите градови на истокот носат пациенти на кои им треба болничко лекување, терапија и кислородна поддршка. Големите боци со кислород во дворот чекаат да бидат наполнети или доколку се наполнети да се качат во некоја од болничките соби.

Back to top button
Close
Close