МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

10 април 2020

10 април 2020

– По сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на коронавирус, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници, соопшти Министерството за здравство.

– Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од ОЈО Скопје.

– Повеќе меѓународни, регионални и српски медиумски здруженија посочуваат на загрозување на слободата на медиумите во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Меѓународниот институт за печат (ИПИ), со седиште во Виена, во неодамнешниот извештај наведува дека владите на „загрижувачки голем број европски земји“, особено во источна и централна Европа, ја искористиле тековната здравствена криза како изговор за ограничување на слободниот проток на информации, како и влијание врз независните медиуми.

– Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.607.595 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 95.785, а оздравеле 357.164 луѓе.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close