МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 јуни 2020

25 јуни 2020

– Од утре целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПСР тест и државен карантин.

Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

– Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, најави дека не може да присуствува на состанокот на 27 јуни во Белата куќа.

– Ајфеловата кула од денеска повторно е отворена во Париз, откако беше затворена пред повеќе од три месеци поради епидемијата на новиот коронавирус.

– Повеќе од 500 личности и организации денеска предупредија на „заканата“ од „одредени влади“ и нивното загрозување на демократијата за време на здраствената криза и епидемијата со Ковид-19.

Back to top button
Close
Close