МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

8 март 2021

8 март 2021

– Финансискиот систем успешно им одговори на минатогодишните предизвици од корона-кризата. Високите регулаторни барања во периодот пред појавата на корона-вирусот и минатогодишните регулаторни мерки придонесоа за натамошното одржување на неговата стабилност, како и за негова подготвеност за натамошни предизвици. Имајќи предвид дека здравствената криза сѐ уште трае, регулаторите и натаму со особена внимателност ќе ги следат состојбите, приспособувајќи ги своите мерки и пристап заради превентивно делување за натамошно јакнење на финансиската стабилност, а со тоа и на отпорноста на системот на шокови.

– Македонската берза се приклучи кон глобалната иницијатива „Заѕвони за родова еднаквост“ („Ring the Bell for Gender Equality“) со што првпат годинава влезе во друштво на стотина берзи ширум светот каде по повод Меѓународниот ден на жената со симболично ѕвонење на берзанското ѕвоно се означува почетокот на тргувањето.

 Денеска не е само ден на жените, денеска треба да биде и ден на женската солидарност и ден во кој најмногу се радуваме кога мажите ќе не поддржат во битката за ова да не остане само наша битка, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на нејзиниот престој во Битола.

– Тимот кој ги евалуира упатствата за руската вакцина Спутник V денеска треба да излезе со дефинитевен став, кои лица ќе имаат предност за вакцинирање со оваа вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека најверојатно тоа ќе бидат повозрасните лица и оти има размислувања за тоа каде да се почне со вакцинација. 

Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3.546 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

– Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека нема разлика на она што беше тренд претходно во однос на тежината на болеста Ковид-19 и околу тоа дали повеќе на удар од коронавирусот е помладата популација.

Истражителите од поранешното СЈО, Примислав Димовски и Панчо Зафирче, вршеле притисок врз Петар Милошоски, да го смени исказот даден пред обвинител во случајот „Тортура“. Ова денеска во продолжение на својата одбрана го изјави обвинетиот Милошоски, кој посочи дека истражителот на СЈО, Панчо Зафирчо, ја злоупотребил неговата блискост со него од порано.

– Се надеваме дека во мај, кога ќе бидат вакцинирани нашите сограѓани над 60 години ќе можеме постепено да го отвориме и туризмот, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, истакнувајќи дека сепак сѐ ќе зависи од епидемиолошката слика во земјата и процесот на имунизација, јави дописничката на МИА од Атина.

– Европската комисија ќе го претстави својот прв проект за создавање пасоши за имунизација во ЕУ на 17 март, соопшти на брифинг во Брисел официјалниот портпарол на Комисијата Ерик Мамер.

– САД планираат да извршат неколку кибер-напади во рок од три недели против системите поврзани со руската влада. Тоа го објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извори.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close