МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

8 март 2021

8 март 2021

– Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика денеска, по повод Меѓународниот ден на жената, објавија анализа, поддржана од Мисијата, за влијанието на пандемијата Ковид-19 врз родот и различностите. Анализата покажува дека пандемијата и одговорот на истата имале несразмерно поголемо негативно влијание врз жените во сите области и кај сите возрасни групи.
Според студијата, како што соопшти Мисијата на ОБСЕ во Скопје, по затворањето на училиштата и градинките, веројатноста мајките да ја преземат улогата на главна негувателка е 70 проценти поголема отколку кај татковците.

– Прогласувањето на неделата за неработен ден ќе предизвика финансиски загуби во одредени сектори, ќе ја намали продуктивноста и конкурентноста на компаниите и ќе ги принуди странските инвеститори да ја преиспитаат одлуката за инвестирање, беше посочено на денешната панел дискусија организира од Стопанската комора на Македонија.

– Осумдесет проценти од сите камиони користеле Зелени коридори и речиси половина од милион камиони имале корист од приоритетниот премин и поедноставените процедури во 2020 година, што имаше влијание врз намалувањето на трговските трошоци. Ефикасноста на системот ги идентификуваше тесните грла и го покажа патот кон идни активности. Анализата покажа дека времето на чекање на трговците било приближно два пати пократко на премините во рамките на ЦЕФТА, отколку на граничните премини со ЕУ, соопштија денеска Секретаријатот на ЦЕФТА.

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со амбасадорка на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи. Притоа во разговорите е нагласен и интересот за интензивирање на економската соработка, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

 Под мотото „Маршираме против патријархатот кој убива“ неколку стотици граѓани денеска во главниот град на Косово го одбележаа Меѓународниот ден на жената – 8 Март, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Со пораки против дискриминацијата, против сексизмот, против родовото насилство и со мини концерти и протест во центарот на Атина се одбележува Меѓународниот ден на жената, јави дописничката на МИА од Атина.

Специјалниот претставник на американската администрација задолжен за климатските прашања денеска ја започнува својата мини тура на Европа, а утре ќе учествува на состанокот на еврокомесарите во Брисел.

– Израелските власти официјално почнаа вакцинација против Ковид-19 на Палестинци кои имаат дозвола за работа за населбите во Израел и Западниот брег.

Германска Алба официјално доби двегодишна лиценца за учество во Евролигата. Оваа одлука беше донесена по резултатите од виртуелниот состанок на акционерите во Евролигата, одржан денес.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close