МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 јуни 2020

24 јуни 2020

– Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, информира дека податоците за исплата на пензиите за месец јуни до сите деловни банки ќе ги испрати најдоцна до утре и препорачува деловните банки преку своите филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензиите за клиентите кои не користат картички во четири групи.

– Од новите 136 дијагностицирани со коронавирус од тестирањата во изминатите 24 часа, најголем број, 80 случаи се од Скопје. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во градот досега се дијагностицирани 2.667, случаи, а активни се 1.785.

– Со американски пари ќе се санираат оштетувањата на неколку објекти со културно – историска вредност, погодени од катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди на 26 ноември минатата година.

– Претседателот на Киргистан, Соронбај Жеенбеков, кој допатува во Москва за да присуствува на Парадата на победата се враќа во Бишкек, бидејќи две лица од неговата делегација се позитивни на Ковид-19.

– Сите африкански земји имаат развиено лабораториски капацитети за тестирање на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејес и предупреди дека пандемијата забрзува.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close