МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 март 2021

4 март 2021 

Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3 028 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

– Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за уште едно лице, за кое е поведена постапка за кривично дело – учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Со вчерашната аукција Република Северна Македонијa покажа дека за инвеститорите е многу попривлечна од многу економии во регионот, како и дека имаат доверба во политиките кои се спроведуваат, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на прес-конференција за вчера издадената еврообврзница.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај со Ковид-19 во: Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

– Бугарија најверојатно нема повторно да достигне бројки од 5.000 заразени лица дневно, коментира д-р Трифон Валков од Инфективната болница во Софија, јави дописникот на МИА од Софија.

– Европската комисија го повтори повикот до сите земји-членки да се придржуваат кон заеднички договорените мерки за ограничувањата што важат на границите во рамките на Европската унија.

– Европската унија ја суспендираше развојната поддршка за проектите во Мјанмар за да го избегне обезбедувањето финансиска помош за армијата што минатиот месец  насила ја презеде власта во земјата, соопштија денеска официјални претставници на Унијата.

На вонредното Собрание на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) одржано вчера, девет клубови од вкупно 17 со право на глас, го избраа Огњан Циговски за претседател, а Јусуф Абдулаи за потпретседател на СФМ. Покрај тоа, избрани се и другите органи и тела за редовно функционирање на федерацијата, соопшти СФМ.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close