МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 март 2021

4 март 2021

– Дел од средствата од петтиот пакет мерки веќе се операционализирани. Од 160 милиони евра се платени концесиите на 120 медиуми во земјава, еден дел се ослободени, а на друг дел им се вратени и парите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, кога парите од петтиот пакет на мерки ќе се искористат во стопанството, а конкретно во текстилната индустрија, во која лани без работа остана речиси 6.800 работници.

– Со измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, којшто заклучно со вчера беше во сила десет години, треба да се овозможи негово продолжување уште пет години за да може општините да постапуваат по нерешените предмети за легализација. Тие законски измени се на дневн ред на денешната 34. седница, но за нив Парламентот ќе расправа откако ќе поминат во надлежните комисии. Во собраниска процедура е и новиот предлог закон за легализација на дивоградби со којшто се овозможува легализирање на вакви објекти, со одредени исклучоци, но со плаќање 50 проценти од износот на комуналиите.

– Министерството за финансии подготвува техничка можност на дневна основа да се следат буџетските приходи и расходи, соопшти денеска на прес-конференција министерот Фатмир Бесими.

– АД МЕПСО денеска започна со реконструкција на основниот 110 киловолтен далекувод од Штип до Овче Поле во дложина од 17,88 километри, вреден 1,41 милион евра што треба да биде готов до крајот на октомври годинава.

– СДСМ во својата постапка за избор на кандидати за градоначалници тргнува од анкети, односно го проверува гласот на граѓаните што мислат тие за кандидатите, потоа централата прави селекција, и на крајот се општинските конференции во СДСМ за избор на кандидатите. Ние оваа постапка ќе ја водиме јуни, јули, август, затоа  што септември прва половина е кампањата, а прва половина на октомври е првиот круг на изборите.

– Во Хрватска е потврдено присуството на чешката мутација на коронавирус, соопшти Институтот Руѓер Бошковиќ.

– Бројот на новозаболени лица со Ковид-19 минатата недела се зголеми за девет проценти во 53 земји во Европа, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО).

– Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека најмалку 20 мигранти починале откако шверцери фрлиле 80 од нив преку палуба за време на патување од Џибути во Источна Африка до Јемен.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека сонувал да работи во Англија, во периодот кога ги предводеше Барселона и Баерн Минхен.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close