МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 март 2021

3 март 2021 

– Работниците ќе можат телефонски или електронски, преку меил, да пријавуваат или да поднесуваат жалби и барања доколку им се прекршени правата. Ова е целта на новата кампања на ССМ која предвидува поедноставен пристап до бесплатната правна заштита за работниците.

– Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 2.860 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

– Пратеничката група на СДСМ смета дека денеска поднесениот Предлог закон за поништување на Законот за попис, по итна постапка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претставува обид за политичка манипулација и дека тоа не може да влијае на процесот на попишување.

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји.

– Во сите пописи од ’48 наваму имало код за бугарска етничка припадност. Имаме податоци во однос на таа етничка припадност и ќе има и понатаму. Кој како ќе се произнесе е исклучиво негово право и ние не смееме да влијаеме, изјави за МИА, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

– Пратеничката на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Александра Вуковиќ изјави дека сегашниот претседател на државата и претседател на партијата, Мило Ѓукановиќ „сакал да си замине“, но не му дозволиле.

– Велика Британија го осуди убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и бара да се спроведе целосна истрага за причините на неговата смрт, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

– Најмалку 13 лица загинаа денеска откако безбедносни сили отворија оган врз демонстрантите во Мјанмар. Меѓу загинатите, според локалните медиуми, е и еден тинејџер.

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон објави дека најмногу што ќе остане активен на терените е до 2023 година.

Back to top button
Close
Close