МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 март 2021

3 март 2021

– Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески упати апел до премиерот Зоран Заев и до претседателот на Унијата на грчките комори, Константинос Михалос – врвен приоритет да остане прашањето за обезбедување непречено движење на транспортните работници, независно од мерките што се воведуваат за спречување на КОВИД.

– Во извештајот на организацијата „Фридом Хаус“ за 2021 година генералната оценка е дека Владата на реизбраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќегодишното претходно уназадување на демократијата и дека сериозно прашање за државата е тоа што ЕУ не го одржа ветеното дека земјата ќе го започне процесот на преговори на крајот од 2020 година, соопшти владината Прес-служба во врска со најновиот извештај на „Фридам Хаус“ насловен „Слободата во светот 2021“.

– Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симески денеска изјави дека нема потреба бугарските здруженија во земјава да бараат посебна графа во пописот, бидејќи таква графа веќе има.

Охрид и Националниот парк „Галичица“ од 14 до 16 мај по трет пат ќе го организираат спортско-рекреативниот настан „Охрид Ултра-Треил 2021“.

– Тековните активности за градежните проекти на Царинската управа за изградба или реконструкција на граничните премини и градежните интервенции, беа тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Царината Горан Сугарески.

– Владата усвои Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава за што се обезбедени милијарда 516 милиони денари или околу 25 милиони евра, а со него ќе бидат опфатени 10279 лица. Со Оперативниот план, како што посочи денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе ги опфати најтешко вработливите и најранливите категории граѓани, а првпат годинава повеќе средства ќе бидат издвоени за понеразниените региони.

– По повод 95-годишнината од смртта на великанот Крсте Мисирков, денеска беше свечено отворена подновената спомен-соба на Мисирков во Институтот за македонски јазик во Скопје.

– Лидерот на Движењето „Самоопределување“ и кандидат за нов косовски премиер, Албин Курти, од Тирана порача дека на Албанците во Албанија и на Косово им требаат промени.

Жералд Дарманан денеска го објави распуштањето на ова движење, со крајно десничарска ориентација, што според него претставува „карактер на приватна милиција“, јави дописникот на МИА.

– Јапонскикот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека Владата разгледува двонеделно продолжување на вонредната состојба на подрачјето на Токио поради забавениот пад на број на инфицирани лица со Ковид-19.

Во последниот натпревар од 8. коло на регионалната кошаркарска АБА 2 лига, тимот на МЗТ Скопје Аеродром го победи работнички со 84:82.

Back to top button
Close
Close