МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 јуни 2020

24 јуни 2020

– Обезбедени се 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со Ковид-19. Од нив, 16 се преку постапка плазмафереза и 15 единици преку стандардно дарување на крв, информираа од Институтот за трансфузиона медицина.

– Отворањето на границите не е никаква политичка одлука донесена во ккорелација со изборите, туку се темели исклучиво на епидемиолошките анализи и мислењето од Комисијата за заразни болести, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Имаме историска одговорност да спроведеме избори кои доликуваат на земја членка на НАТО и на европска демократија – на земја која ја чекори последната фаза од членството во ЕУ. Предвремените парламентарни избори треба да бидат фер, демократски, со максимално почитување мерките за заштита против корона вирусот и без говор на омраза, порача премиерот Оливер Спасовски.

– За евентуалните позитивни случаи на Ковид-19 за кои не е потребно болничко лекување, во хотелите и туристичките објекти во Грција потребно е да постојат соби- карантин, согласно новата министерска одлука на министрите за финансии, за здравство и за туризам, јави дописничката на МИА од Атина.

– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна денеска дека ризикот од коронавирусот не поминува, откако вчера беа воведени итни мерки во државата Северна Рајна-Вестфалија во два града каде епидемијата повторно избувна.

– Процентот на пушачи во Јордан е највисок во светот, повеќе од 80 проценти од мажите во Јордан пушат или редовно користат никотински производи, вклучувајќи ги и електронските цигари, според податоците на државното истражување од 2019 година во соработка со Светската здравствена организација.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close