МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 јуни 2020

24 јуни 2020

– За првпат од независноста на земјата имаме избори како земја-членка на НАТО и во очекување да ги почнеме претпристапните преговори со Европската Унија. Изборниот процес и изборите мора да бидат спроведени според високи стандарди и критериуми, имајќи ја предвид и нашата евро-атлантска перспектива, порачува претседателот Стево Пендаровски во изјавата по повод почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори.

– Силно невреме го погоди вчера Истанбул проследено со пороен дожд, грмотевици и торнада, јавија турските медиуми.

– И покрај тоа што Велика Британија најави олеснување на мерките и обнови работа на дел од бизнисите, зголемените расходи за поддршка на невработеноста на Лондон покажуваат дека економијата се уште се соочува со сериозни тешкотии.

– Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд изјави дека новиот коронавирус ги фрлил САД на колена.

 

 

Back to top button
Close
Close