МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 февруари 2021 

26 февруари 2021 

– Потребно е зголемување на соработката за активно промовирање на позитивни примери на родова рамноправност, посебно во делот на рушење на традиционалните норми и еднаков пристап на мажите и жените за сопственост на земјоделско земјиште и имот, воспоставување на механизми за едукација и информираност на жените од руралните средини за нивен економски и социјален развој.  Ова беше потенцирано на денешната oнлајн конференција „Пристап на жените од руралните средини до правото на имот“, организирана од Националната федерација на фармери.

– Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на итна седница со која претседаваше претседателот на Комисијата Нора Алити поради измамнички и манипулативни дејствија донесе Решение со кое трајно му ја одзема дозволата на  Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје, чиј управител е Виктор Мисовски. Комисијата трајно му ја одзема дозволата за работење и на лицето Дејан Делимитов, кој е овластен инвестиционен советник во  друштвото.

Организаторите по испорачаните барања го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен. Дел од учесниците во протестот одбиват да се повлечат и фрлаат со различни предмети кон полицискиот кордон. Поединци од протестот се обидуваа да предизвикаат инциденти. Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.  Полицијата се обидува да ги растури насилните групи. Учесниците во протестот се на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаат на локацијата на Бит Пазар.

– Интензивирањето на соработката на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните со Соединетите американски држави, преку унапредување на институционалната и бизнис соработка, беа дел од темите на разговор на денешниот работен состанок меѓу директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и Ендрју Мофад, офицер за политички и економски работи во Американската амбасада.

– На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, денеска се одржа координативен состанок по повод усвојувањето на Националната програма за реализација на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, чиј покровител е претседателот Пендаровски, а носители на проектот се Министерството за култура и Министерството за образование и наука.

– Од 1-ви следниот месец започнува функционирањето на платниот промет во АД Пошта на РСМ пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.

– Црна Гора и Унгарија се на четврто место во светот според стапката на смртност во последните седум дена на 100.000 илјади жители.

– Во Австрија, повеќе од половина од сите нови инфекции со коронавирус моментално се предизвикани од новиот сој.

Панел експертски советници од американската Управа за храна и лекови (ФДА) се очекува денеска да препорача одобрување на еднократната вакцина против Ковид-19 од производителот Џонсон енд Џонсон, отворајќи го патот за милиони дополнителни дози за целата земја од следната недела.

Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во швајцарски Нион, попладнево се извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на Европа. Најмногу внимание привлекува пресметката Милан – Манчестер јунајтед.

 

 

Back to top button
Close
Close