МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 февруари 2021

26 февруари 2021

– По повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

 Под мотото „Слобода, правда и демократија – Стоп на монтираните случаи“ почна денешниот протест на членови на семејствата и поддржувачи на казнетите во, според нив, судските монтирани случаи  „Монструм“, „Алмир“, „Алфа“, „Харун Алиу“, „Бродец“ и други судски случаи.

Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски смета дека казната за неговиот клинетот е драконска. Најави дека ќе се жалат кога ќе ја добијат пресудата, како и на решението за затворски притвор.

– Делегации на Владата денеска положија венци на гробот и на спомен обележјата во чест на претседателот Борис Трајковски, кој на денешне ден пред 17 години загина во авионска несреќа.

– Повторно е формирана комисија која работи на нов повик за распределба на станови од социјалната зграда во Струмица, а ресорниот министер Благој Бочварски, очекува да биде распишан за десетина дена.

– Специјалното државно обвинителство (СДТ) на Црна Гора покрена истрага против поранешниот министер за здравство Кенан Храповиќ поради несовесно работење.

Шефот на Руската федерална казнена служба Александар Калашников потврди дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е префрлен во затворска колонија надвор од Москва, каде треба да отслужи казна од две и пол години затвор, пренесува агенцијата ТАСС.

– Истражувачи од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги советуваа фитнес центрите да спроведат низа превентивни мерки за спречување на ширење на епидемијата.

Десет спортски клубови кои се членови на СФМ јавно ги повикуваат претставниците од Агенцијата за млади и спорт да присуствуваат и вршат надзор на претстојното Редовно собрание на СФМ на кое ќе се одлучува за избор на ново раководство на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), закажано за 2 март, 2021 година. Барањето и официјално е доставено до Агенцијата за млади и спорт.

Back to top button
Close
Close