МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 јуни 2020

23 јуни 2020

– Енергетиката е столбот на развојот на економијата и затоа како Влада го поддржавме овој капитален проект за реконструкција на ТС Битола-2, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за време на денешната промоција на завршениот проект со кој ТС Битола-2 првпат се приклучува на преносната мрежа по далечната 1982 година.

– Министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот и албанскиот колега Гент Цакај, денеска ќе учествува на онлајн панел насловен „Што значи почетокот на пристапните преговори за Албанкија и Северна Македонија“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

– Со новодијагностицираните 52 случаи со Ковид -19, во последното деноноќие, во Албанија бројот на заразените ја надмина бројката од две илјади.

– Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пред Долниот дом на британскиот Парламент соопшти дека мерката на задолжителното социјално дистанцирање од два метра од 4 јули ќе се намали на еден метар.

– Индија планира, во што е можно покуси рокови, да ги добие руските ракетни системи С-400, пред се, поради тензиите долж границата со Кина, јави агенцијата Блумберг.

Back to top button
Close
Close