МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 февруари 2021 

23 февруари 2021 

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најкатегорично ги отфрли шпекулации за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков.

– МВР ги презеде сите расположиви мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓање на бегалецот и негово приведување пред правдата, информираше денеска на прес-конференција министерот Спасовски.

Кај сите органи што потфрлиле ќе мораме да бараме и политичка, но од некои луѓе ќе мора да бараме и кривична одговорност. Ова не се случило само заради некој  превид, се случило очигледно заради тоа што некој од малкумината што знаеле, ја споделил таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата, порача денеска од армискиот полигон министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во врска со случајот на Сашо Мијалков.

– Остануваме посветени на реформите, на развојот на добрососедските односи и на унапредување на довербата со Бугарија. Ние се гледаме себе како дел од ЕУ и тоа ќе го оствариме пред се за да обезбедиме успешна иднина на нашите граѓани, но и како наш влог за успех на иднината на Европа, порача денеска во Париз министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 изготвена од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Документот содржи 12 клучни цели и ги селектира приоритетните проблеми кои генерираат  висок ризик од корупција, а идентификувани се мерки за нивно надминување.

– Пандемијата, која минатата година, неочекувано го погоди целиот свет, во Албанија промени многу планови, како и многу демографски индикатори во земјата.

– Украина денеска ја доби првата пратка од 500.000 дози од вакцината АстраЗенека против Ковид-19, што ќе овозможи почеток на вакцинацијата, а први во редот ќе бидат здравствените работници кои се на фронтот за борба против болеста и војниците.

– Невработеноста во Јужна Африка достигна 32,5 отсто од работната сила во периодот помеѓу октомври и декември 2020 година, соопшти Националната агенција за статистика.

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Тодоров, е задоволен од изданието на неговите избраници на квалификацискиот турнир во Перм и покрај тоа што „црвено-жолтите“ не изборија пласман на Евробаскет 2022.

Back to top button
Close
Close