МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 февруари 2021

23 февруари 2021

 Судот ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.   

– Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала  28 294 денари и бележи раст од 5,4 отсто, објави Државиот завод за статистика.

– Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска на завршниот состанок на првата фаза од регионалниот процес на консултации за климатски промени и безбедност ја нагласи важноста од здружена климатска акција бидејќи климатските промени делуваат како мултипликатор на ризик.

– Кога беше изречена првата пресуда по овој предмет, кажав дека сме далеку од владеење на правото, сега слободно можам да кажам дека сме уште подалеку и очигледно дека и во Судот и во Обвинителството треба едно добро прочистување, изјави по објавување на пресудата за случајот „Монструм“ адвокатот Насер Рауфи, еден од бранителите на обвинетите.

– Отворен е конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната Награда од Европската унија за истражувачко новинарство.

– Најголемото влијание за евидентно зголемената цена на новоизградени станови во Куманово главно се должи на пазарната економија, а во помала мера и на зголемените комунални давачки и примената на одлуката на Советот со која се дозволува 50 проценти искористеност на градежната парцела, истакна градоначалникот Максим Димитриевски на седница на Советот на општината.

– Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција побара оставка на Владата, по бегството на нивниот поранешен функционер обвинет во неколку случаи и поранешен прв човек на УБК Сашо Мијалков. Според Мицкоски, потребна е оставка на Владата и формирање на експертска влада до локалните избори кога би се одржале и парламентарни избори, како што рече, влада која ќе подготви фер, слободни и кредибилни избори.

– Во Хрватска денеска почна втората фаза од имунизација односно вакцинирање на граѓаните против Ковид-19, но во Загреб граѓаните со часови чекаатр пред пунктот за вакцинација.

– Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека е голем оптимист дека сите ограничувања против Ковид-19 во Англија ќе завршат до 21 јуни, додавајќи дека британската Влада ќе изврши ревизија на сертификатите за вакцини.

– Малезиските имиграциски власти денеска соопштија дека депортирале 1.086 мигранти во Мјанмар, прекршувајќи ја судската наредба за запирање на нивната репатријација, по жалбата на две организации за човекови права.

Тимот Ред Бул го претстави болидот за новата сезона, објавено е на Твитерот на Формула 1. Болидот ќе го носи името „RB16B“.

Back to top button
Close
Close