22 февруари 2021

– Досега 1040 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19Кај мал број од нив се пројавени реакции по вакцината како болки на местото каде таа е аплицирана и благо зголемена телесна температура, информираа за МИА од Министерството за здравство.

– Слободни и фер избори, од една страна, и управување според волјата на народот – од друга страна, се предуслови за силна демократија, но, само 37 проценти од граѓаните кои живеат во демократските земји се согласуваат дека овие два предуслова се исполнети во нивните земји, една третина (33 проценти) од анкетираните изјавуваат дека ниту еден предуслов од овие два не се исполнети, а 23 проценти веруваат дека само еден од нив е исполнет во нивната земја.

– Со цел зачувување и унапредување на мајчиниот јазик, како дел од
одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби организираше тркалезна маса.

– Членови на семејството на Сашо Мијалков, како и неговото обезбедување се повикуваат на информативен разговор, велат за МИА од Министерството за внатрешни работи.

– Кулминираа препукувањата меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама, со денешните меѓусебни обвинувања, со кои Мета го нарече главен олигарх а тој му возрати дека нема врска со мозокот.

– Голем број германски пиварници во отворено писмо предупредија на катастрофалните последици од корона-кризата и „локдаунот“ врз произведувачите на пиво, до степен до кој, како што велат, е загрозен опстанокот на дел од нематеријалното наследство на УНЕСКО во Германија.

– Светската трговија со стоки нагло се зголеми во четвртиот квартал на 2020 година, но трендот на раст покажува знаци на забавување, предупреди Светската трговска организација (СТО), нагласувајќи дека закрепнувањето зависи од ефекасната вакцинација против Ковид-19.

Калчолигашот Каљари денес на својата веб-страница објави за прекинот на соработката со главниот тренер Еузебио Ди Франческо.

Back to top button
Close
Close