МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 февруари 2021 

22 февруари 2021 

– Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се најавени две седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на седниците се повеќе годишни извештаи за работата на институциите, обвинителството, ДКСК и други. 

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. 

– Државните инспектори за животна средина на првиот стручен колегиум договорија постапки и правила со цел надзорите да бидат потемелни, поадекватни и поефективни. Колегиумот, како што соопштија од Државниот инспекторат за животна средина, се одржа во Демир Капија, а учествуваа и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање. 

– Министерството за внатрешни работи ќе побара да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница за Сашо Мијалков. 

– Премиерот Зоран Заев, во својство на сведок во случајот „Титаник” денеска во Кривичниот суд Скопје, збореше за неговите сознанија за изборните нерегуларности во 2014 година вршени од тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ. 

– Согласно податоците од ДАМСКAВ на 21 февруари 2021, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 163 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола на мерното место Битола 2. Со тоа престануваат да важат препораките и краткорочните мерки при надминат праг на алармирање, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). 

– Издравачката куќа „Македоника литера“ ја објави патопистната книга „Никогаш на врвот“ од италијанскиот писател Паоло Коњети, преведена од италијански  на македонски јазик од Анета Симовска. 

– Врз основа на располоќливите докази утврдено е дека вакцините против Ковид-19 се ефикасни во спречување на ширење на Ковид-19, изјави денеска британскиот министер за вакцинација Надим Захави воочи укинување на вонредната состојба во Велика Британија. 

– Полска оваа недела треба да најави ново правило, а тоа е дека секој странски државјанин пред да влезе во земјата ќе треба да приложи негативен тест на коронавирус, изјави денеска полскиот министер за здравство Адам Ниједијелски. 

– Министрите за надворешни работи на Европска Унија ќе дебатираат за нови рестриктивни мерк  

и кон Русија, откако беше изречена нова пресуда за рускиот опозиционер Алексеј Навални. 

– Шефот на ЕУ дипломатијата утрово, Јосеп Борел, даде до знаење утрово дека ќе се дискутира за можни санкции против Русија поради затворската казна за Алексеј Навални. 

– Шефот на ООН, Антонио Гутереш денеска се изјасни против „бруталната сила“ што ја користеа оние што стојат зад пучот во Мјанмар и ја повика армијата веднаш да ја прекине репресијата и да ги ослободи затворениците. 

– Вооружени напаѓачи ослободија 53 лица, вклучувајќи жени и деца, кои беа киднапирани во автобус во Нигерија, соопштија локалните власти, додека десетици други лица, земени од училишен комплекс во одделен инцидент, сè уште не е познато каде се наоѓаат. 

– Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, кој најави дека поради повреда нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ за денешниот меч со Естонија, сепак го пријави за настап младиот кошаркар. 

– Стана познато колку ќе треба да потроши Реал Мадрид на трансфери за напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, пишува „АС“. 

Back to top button
Close
Close