МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

19 февруари 2021

19 февруари 2021

– Обвинението е неосновано, конфузно и не е поврзано. Не е поткрепено со вистински докази, кои би го потврдиле кривичното дело кое ми се става на товар и не може да истрпи елементарна правна критика, а не пак осудителна пресуда, порача денеска во завршниот збор за случајот „Таргет-Тврдина“, екс-началникот на Одделот за координација во УБК, Тони Јакимовски.

– Очекуваме конечно решавање на статусот на нашата Македонска православна црква, односно добивање автокефалност од Вселенската патријаршија, изјави за МИА митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар коментирајќи го изборот на досегашниот митрополит загрепско-љубљански Порфириј за нов патријарх на Српската православна црква-СПЦ.

Градоначалниците имаат законска обврска по службена должност да контролираат што се гради и навреме да се спречи, потенцира на денешната седница Нури Бајрами, член на ДКСК, по повод предмет за бесправна градба, кој требало да се урне.

– Некои од дејностите треба „да се извлечат“ од законското решение за недела неработен ден, а токму работата на трговските и туристичките центри е стратешки приоритет на нашата држава и треба да работат и во недела, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

– Осум невработени лица се борат за едно работно место во Бугарија, покажуваат податоците на Институтот за пазарна економија за односот помеѓу бројот на невработени и бројот на слободни работни места заклучно со 31 јануари 2021 година, објави репортерот на БГНЕС.

– Во писмото упатено до премиерот, пратеници од левото крило на владејачката Република во Марш (ЛРЕМ) потсетуваат дека „вонредната состојба не може да стане правило“ и тие бараат да се укине вонредната состојба, што беше продолжена до 1 јуни, јави дописникот на МИА.

–  Веб-сообраќајот кон австралиските новински страници опадна за 13 отсто во државата и за 30 отсто од странство откако оваа недела Фејсбук ја блокираше содржината на вестите на својата платформа за австралиските корисници. Информацијата ја објави „Политико“, повикувајќи се на веб-аналитичка компанија „Chartbeat“.

Французинот Матие Февр е победник на денешната велеслаломска трка која се возеше во рамките на Светското првенство во алпско скијање.

Back to top button
Close
Close