19 февруари 2021

– Некои од дејностите треба „да се извлечат“ од законското решение за недела неработен ден, а токму работата на трговските и туристичките центри е стратешки приоритет на нашата држава и треба да работат и во недела, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

– Евроамбасадорот Дејвид Гир, во однос на тоа дали законот за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива, рече дека главната ЕУ регулатива кога станува збор за ова прашање е општата регулатива за заштита на лични податоци, што го забранува споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност.

– Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска присуствуваа на почетокот на изградба на Дневен центар за деца со посебни потреби и Центар за сензорна интеграција во населбата Железара.

– Владата не ги носи протоколите за работа. За тоа е задолжена професионална комисија составена од експерти во делот на пандемијата, а ние само ги почитуваме нивните предлози. Во моментот кога ќе добиеме одреден протокол секако дека ќе ги усвоиме како Влада.

– Директорот за развој на Geo Vax вакцината во САД, Арбан Доми правејќи споредба на бројките за дневна инциденца на заразени со Ковид-19 во неколку земји во светот и регионот, оценува дека моментно Албанија е на шестото место во светот.

– Во писмото упатено до премиерот, пратеници од левото крило на владејачката Република во Марш (ЛРЕМ) потсетуваат дека „вонредната состојба не може да стане правило“ и тие бараат да се укине вонредната состојба, што беше продолжена до 1 јуни, јави дописникот на МИА.

 САД и официјално се вратија на Парискиот договор за климата, само 107 дена по напуштањето.

На лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје денес и утре ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“.

 

Back to top button
Close
Close