МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 февруари 2021

18 февруари 2021 

– Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница, утрово е повторно отворен за секаков вид сообраќај за влез и излез од земјата. 

– „Северна Македонија: Започна програмата на имунизација благодарение на вакцините што ги доби од Србија“; „Коронавирус: Започна вакцинацијата во Северна Македонија“;„Северна Македонија: Започна вакцинацијата со вакцините од Србија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за почетокот на имунизацијата нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. 

– Без вода денеска ќе бидат улиците „Крсте Асенов“ 7/2 во Чаир и „Радишанска“ 11 во Радишани, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. 

– Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од населба Керамидница. Корисниците ќе бидат без вода од 10:10 часот се до завршување на активностите. 

– При контрола во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово, вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово затекнале пет лица – гости и сопственикот, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

– Вкупно 31 партија и 8 коалиции, доставија документи за учество на парламентарните избори во Бугарија на 4 април, јави дописникот на МИА од Софија. Ова вчера го објави портпаролот на Централната изборна комисија Тања Цанева по истекот на рокот за прифаќање на документите. 

– Група од околу 60-70 млади лица рано утрово упадна во Министерството за здравство на Грција, фрлија летоци, закачија пано и извикуваа слогани за поддршка на барањата на Димитрис Куфодинас, осудениот терорист од организација „17 ноември“, кој веќе 42 дена штрајкува со глад, јави дописничката на МИА од Атина. 

–  По одложувањето на дебатата за усвојување на судските закони, на што се спротивстави Демократскиот фронт, кој е дел од владејачката коалиција, специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, изјави дека е среќен што црногорската влада одлучи интеграцијата да стане при оритет. 

– Во црногорското Министерство за внатрешни работи е откриена измама од над еден милион евра од донации на ЕУ, изјави потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ. 

– Албанскиот претседател Илир Мета ја обвини владата на премиерот Еди Рама во врска со преземените мерки против Ковид-19 и процесот на вакцинација нагласувајќи дека ситуацијата оди кон национална катастрофа. Тој ја повикува владата да ги стави граѓаните во прв план. 

– „Ер Франс-КЛМ“ минатата година изгуби 7,1 милијарди евра поради последиците од пандемијата на коронавирусот. 

– Шпанската полиција се судри со демонстрантите во Мадрид и Барселона, кои протестираа поради апсењето на раперот Пабло Хасел кој е обвинет за навреда на монархијата и поддржување на тероризмот. 

–  Германските медиуми ги повикуваат политичарите да се вакцинираат против Ковид-19 и со тоа да ги поттикнат граѓаните бидејќи е видлива  воздржаноста на Германците кон вакцините. 

– Тројца џихадисти се осудени од Специјалниот суд за кривични дела на Париз со казни од 22 до 30 години затвор, јави дописникот на МИА. 

–  Припадници на специјалните единици на германската полиција упаднаа утрово во повеќе од 25 обј екти во Берлин и Бранденбург, како дел од акцијата против криминалниот арапски клан Ремо. 

– Поранешниот играч за врска на Барселона, Чави би можел да го предводи тимот по заминувањето на Роналд Куман, напиша новинарот Николо Шира на Твитер. Според него, каталонскиот клуб ја разгледува неговата кандидатура за следната сезона. 

– Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров е задоволен од она што неговите избраниците го одработија во седумдневните подготовки и очекува добар натпревар денес со Италија. 

– Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека „топчиите“ можеле да потпишат со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кога тој играше за Монако. 

– Времето во земјава наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Само на североистокот претпладне ќе има услови за појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се движи од -9 до -2, а дневната од 5 до 13 степени. 

Back to top button
Close
Close