МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 февруари 2021

17 февруари 2021

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“, продолжува на 22 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од обвинителството.

– Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска и наложи на Македонската берза АД Скопје привремено да го прекине тргувањето со акциите издадени од ЗК Пелагонија АД Битола.

– Билатералните прашања да се решаваат во билатерален формат, а историјата треба да биде оставена на историчарите. Важен дел од секоја рамка се добрососедските односи. Потребно е да се врати меѓусебната доверба, со цел да изградиме здрави добрососедски односи за идните генерации.

– Претседателот на државата Стево Пендаровски не се согласува етничката припадност да биде во личните карти. Тоа, вели, го нема во ниту една демократија во светот.

– Првпат во својата 14-годишна историја, владејачката партија ГЕРБ достави документи за регистрација како коалиција за парламентарните избори во Бугарија, кои се закажани за 4 април. Ова се случи на последниот ден за регистрација.

– Триесетина полицајци во Белгија се дијагностицирани позитивни на Ковид-19, од кои кај еден е потврдена бразилската мутација, јави дописничката на МИА од Брисел.

– „Светскиот шампион“ во вакцинација, Израел, почнува контроверзен проект на ковид-беџ, кој со својата боја ќе покаже дали некое лице е вакцинирано или не, со што ќе се овозможи да влегува во ресторани или на концерти.

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас попладнево го совлада Шпанецот Рафаел Надал и се пласира во полуфиналето на Грен слемот Австралија опен. Во меч што траеше четири часа и осум минути, Гркот беше пред пораз по првите два сета (3:6 и 2:6), но потоа направи резултатски пресврт 7:6, 6:4 и 7:5 и стигна до триумф со 3-2 во сетови.

Back to top button
Close
Close