МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 јуни 2020

23 јуни 2020

– На територијата на целата држава на вкупно 651 лица им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се три лицa кои не ги почитувале овие мерки, а во државен карантин се спроведени вкупно 170 лица, објави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил напиша дека е време да се отвораат границите без никакви ограничувања.

– Убедена сум дека ова наше сојузништво и партнерство во кое покажавме дека се можни резултати на секој план, ќе продолжи како и денес. Да Ви посакам да ја носите оваа униформа со чест и достоинство и како силно и секојдневно потсетување дека посветената работа секогаш носи резултат, нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната промоција на новите униформи за припадниците на Армијата, во скопската касарна „Илинден“.

– Словенија наредните години ќе потроши речиси 400 милиони евра за набавка за нови оклопни возила како дел од процесот за модернизација на армијата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

– Француската Влада планира да го олесни санитарниот протокол за спречување на Ковид-19 за фирмите, со кој досега на секој вработен требаше да му се гарантира простор од четири метри квадратни, кои ќе бидат заменети со растојание од еден метар. Планот исто така предвидувакомпаниите кои имаат повеќе од 10 вработени да назначат „референт за Ковид-19“, јави дописникот на МИА.

Back to top button
Close
Close