МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 февруари 2021

17 февруари 2021

– Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности.

– Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинение до Кривичниот суд Скопје против едно лице за продолжено кривично дело „тешка кражба“.

– Премиерот Зоран Заев денеска, преку видеообраќање, испрати порака до сите граѓани за важноста од донирање органи и ткива како начин за спасување нечии животи.

 Вакцинацијата против Ковид-19 во државава почна во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со вакцинација на „Фајзер“ вакцинирани се докторка и главна медицинска сестра од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, а следи и вакцинација на останатите од таа јавна здравствена установа.

– За сега планот е вакцинацијата да се одвива тука во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Поради пад на над 800 дрвја врз кабли на грчката електродистрибуција, според процените во грчките медиуми, околу 250.000 домаќинства во областа Атика, особено во северниот дел, имаат проблеми со струјата, а надлежните утрово рекоа дека до вечер ќе се санираат дефектите во снабдувањето со електрична енергија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Американскиот Стејт департмен ги предупреди државјаните на САД да не патуваат во Црна Гора поради пандемијата со Ковид-19.

– Во државите од Европската унија од март до ноември минатата година регистрирани се 450.000 повеќе смртни случаи отколку во истиот период помеѓу 2016 и 2019 година, покажуваат најновите податоци на Евростат.

– Вулканот Етна на островот Сицилија повторно еруптираше, исфрлајќи лава и пепел, по вторпат во последните неколку дена.

– Германскиот производител на спортска опрема Адидас планира да го продаде или да го издвои од компанијата помалку успешниот бренд Рибок.

– Во Јапонија почна кампања за масовна имунизација, а здравствените работници први се вакцинираат со вакцината  на Фајзер.

– Откако направи една од „најголемите грешки во историјата на банките“, на Ситибанк нема да и биде дозволено да си врати речиси половина милијарда долари случајно префрлени на позајмувачи на Ревлон, пресуди судија на американски окружен суд, јави Си-Ен-Ен.

 Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) ги рангираше најефикасните одбранбени играчи на 21-от век.

 Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, по поразот од Торонто ноќеска на домашен терен 113:124, четврти последователен, изјави дека нема потреба од паника.

Back to top button
Close
Close