МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 февруари 2021

16 февруари 2021

– Ако им се регулирани сите претходни обврски, општините годинава ќе можат остварените заштеди од лани да ги искористат за капитални инвестиции, наместо да ги враќаат во Буџетот.

Ова е предвидено со петтиот антикризен пакет, а се работи за сума од 1,9 милијарди денари.

– Доколку има потреба за реализација на дополнителниот сет средства ќе има ребаланс на буџетот. Буџетот го вклопува целиот петти пакет и дополнителните средства што беа најавени и се предвидува да се реализираат успешно до крајот на годината, а за тоа ќе има соодветен ребаланс, но не за брзо време, затоа што сега има средства за реализација во наредните месеци, односно во првата половина од годината, изјави денеска на прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими појаснувајќи од каде ќе бидат обезбедени средства за мерките.

Вкупно 50 200 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 23 808 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство.

– Судскиот совет на денешната седница донесе едногласна одлука да ја разреши од функцијата врховната судијка Лидија Неделкова.

– Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа етничка определба во личните карти, под услов придавката „северна“ да не стои во нив, рече дека дефинитивно треба да се поддржи етничката определба заради тоа што сме мултиетничка држава.

– Подготовките за спроведување на пописот биле тема на денешиот состанок на министерот за правда Бојан Маричиќ со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, на кој присуствувале и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменик директорот Илми Селами.

– Вкупно 50 милиони денари поддршка за сите 120 радија и телевизии во земјава кои имаат концесии за емитување програма, се предвидени со петтиот пакет мерки, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

 Во рамките на незаконски прислушкуваните разговори биле следени три категории на лица, таргети, лица соговорници и оштетени лица, односно лица под посебни истражни мерки, сподели денеска обвинителката, Ленче Ристеска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ и нагласи дека следените доживеале најголема штета поради фактот дека биле следени и пред, и по ПИМ мерките.

– Бугарската царина на 7 февруари заплени 401,468 килограми хероин, објави денеска на Твитер главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, јави дописникот на МИА.

– Во Европската унија, меѓу март и ноември 2020 година, имало 450.000 повеќе смртни случаи во споредба со истиот период помеѓу 2016 и 2019 година, објави Европската агенција за статистика.

– Американската администрација, предводена од претседателот Џо Бајден, започна преговори со германското раководство за утврдување на иднината на проектот „Северен тек-2“, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неколку извори.

Back to top button
Close
Close