МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 февруари 2021

16 февруари 2021

– Односи помеѓу Северна Македонија и Република Косово се традиционално добри и не зависат од промената на Владата, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Собраниската седница денеска почна по два часа од закажаниот термин и набргу беше прекината поради недоволен број присутни пратеници во салата.

– Вкупно 9,7 милијарди денари или 160 милиони евра тежи петтиот економски антикризен пакет. Содржи 29 мерки, распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓаните, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 8 до 14 февруари се тестирани вкупно 16.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,2 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

– Никаде не видов интензивна реализација на капитални инвестиции, што е основа за раст на економијата во една држава. Не се гледа каде ќе се градат патишта, болници, каде ќе се инвестира во театри, културни институции и градинки, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со петтиот пакет економски мерки најавен од Владата.
Според лидерот на опозицијата, станува збор за неразвоен пакет на економски мерки, кој нема да одговори на потребите на стопанството и граѓаните во онаа мера во која тие очекуваат.

– Фондот за иновации и технолошки развој и Државниот завод за индустриска сопственост потпишаа меморандум за соработка со цел поттикнување на иновациите и афирмација на домашните компании и организации.

– Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) е вклучена во подготовките за пописот на населението што треба да се одржи од 1 до 21 април, а сите попишувачи ќе поминат обука како да ги заштитат податоците на лицата што ќе ги попишуваат. Истовремено и Државниот завод за статистика, согласно обврските, презема соодветни мерки за заштита на податоците на граѓаните од евентуални злоупотреби.

– Парламентарното мнозинство е стабилно, имаме тесна соработка и меѓусебна доверба и немаме време да се дефокусираме за такви прашања кои не се во интерес на граѓаните, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на прашањето, дали се во преговори за ново парламентарно мнозинство.

Албанскиот премиер Еди Рама и понатаму не ги штеди своите критики кон Европската унија кога станува збор за вакцината против Ковид-19.

– Евростат објави колку отпад произведуваат земјите членки на Европска Унија, а прва на листата е Данска, јави дописничката на МИА од Брисел.

 Лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти изрази уверување дека идната влада, која тој ќе ја формира по победата на неговата партија на вонредните парламентарни избори, одржани в недела, на 14 февруари, ќе ги продлабочи билатералните врски со Соединетите Американски Држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, потпиша нов договор со клубот.

Back to top button
Close
Close